Сликари
Сергеј Андреевски
Сергеј Андреевски (Скопје, 1960) е македонски сликар. Претставник е на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок врз гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање.
Жанета Вангели
Жанета Вангели е родена во Битола во 1963 година. Дипломирала на Државниот Факултет за ликовни уметности – Штеделшуле, во Франкфурт/М. во 1988 година. Живее и работи во Скопје. Таа е мултимедијален уметник, активна во областа на сликарството, фотографијата, видеото и филмот.
Душан Перчинков
Душан Перчинков е роден 1939 година во Скопје. Академија за ликовни уметности завршил во Белград, кадешто ја има и својата прва самостојна изложба. Досега приредил десет самостојни изложби и учествувал на бројни групни изложби во Македонија и во странство, меѓу кои е и учеството на Биеналето во Венеција во 1978 година.
Тања Таневска
Тања Таневска е родена во Скопје во 1971 година. Во 1996 дипломирала на ФЛУ-Скопје, отсек педагошки-сликарство, во класата на проф.Рубенс Корубин. Во 2010 магистрирала сликарство на ФЛУ во Приштина кај проф. Заке Превукај. Од 1997 е член на ДЛУМ.
