Најдоброто од западниот дел на Македонија
Ден 1: Добредојдовте во Македонија!
По пристигнувањето трансфер до најпознатиот македонски винарски регион Тиквеш и забава за добредојде со незаборавна дегустација на вино во најстарата винарска визба. Ноќевање во Битола. 190км
Ден 2: Битола и Преспанското Езеро
Наутро разгледување на Битола вклучувајќи ја и посетата на Хераклеја Линкестис – стар град основан од Филип II Македонски, таткото на Александар Македонски. После спектакуларното возење покрај Преспанското Езеро и низ Националниот парк Галичица, пристигнување во Охрид доцна попладне. Ноќевање во Охрид. 135км
Ден 3: Охрид и Охридското Езеро
Прошетка низ градот Охрид и посета на најпознатите охридски локалитети.
Во попладневните часови возење покрај прекрасниот брег на Охридското Езеро и пристигнување во манастирскиот комплекс Свети Наум. Патување со брод до изворите на реката Црн Дрим. Враќање во Охрид доцна попладнето. Вечерта забава со традиционална македонска фолклорна музика и ора. Ноќевање во Охрид. 75км
Ден 4: Западен дел на Македонија
Утринско возење по текот на реката Црн Дрим, Националниот парк Маврово и посета на манастирот Св. Јован Бигорски.
Пристигнување во Скопје.
Крај на турата. 195км