Стоби и Тиквешки вински регион
Тргнување од Скопје наутро. Кратко застанување кај градот Велес. Пристигнување во Стоби. Стариот град Стоби е лоциран кај утоката на Црна Река во Вардар и е еден од најпознатите археолошки локалитети во Македонија. Тој бил најголемиот Римски град во Македонија.
Имињата на двајцата антички македонски кралеви Филип II и Филип V се поврзани со овој град. Некои од најголемите откритија во Стоби претставуваат театарот, Епископската резиденција и базилика, Затворот, крстилницата, Теодосијанската палата, Градската фонтана и тврдината.
Турата продолжува до Тиквешкиот вински регион, познат по производство на најквалитетни македонски вина. Поради поволната клима и големиот број на сончеви денови, лозарството и приозводството на вино се главно занимање на населението уште од античко време. Висококвалитетни вина како Шевињон, Вранец, Мерлот претставуваат само дел од дегустацијата на македонските вина.
Друг познат македонски бренд е ракијата која исто така се произведува во овој регион. За време на турата ќе ја имате единствената можност да бидете дел од процесот на берење на грозјето, и секако, можност да го набљудувате целиот процес на производсво на вино. Подоцна ќе уживате во дегустацијата на вино – пет различни типови на вино ќе бидат дегустирани пред и по ручекот во традиционална винарска визба.
Тргнување за Скопје.
Пристигнување во Скопје доцна попладне.
Крај на турата.