Кратово и Лесновски манастир
Тргнување од вашиот хотел наутро. После еден час возење се пристигнува во селото Куклици. Во непосредна близина на селото се наоѓа природниот феномен опишан во страшната локална легенда.
Оваа таканаречена Долина на куклите (Куклици) е регион полн со природни скулптури настанати од лавата од вулканите кои се наоѓаат во близина. Ако употребите само дел од вашата имагинација, ќе забележите три жени како разговараат, маж, жена и дете, мала жена во вечерен фустан, свадбена придружба...
После оваа интересна свадбена церемонија на Камените кукли, турата продолжува накај Кратово, живописниот град лоциран на падините на Осоговските планини, на надморска височина од 600 метри. Градот е подигнат во кратерот на изумрен вулкан.
Познат исто така како град на мостовите и кулите, Кратово е еден од најстарите градови во Македонија. Само 6 средновековни кули се зачувани денес, од вкупно 12. Времето на градба на овие кули не може со сигурност да се утврди, но според нивниот архитектонски стил и декорот се смета дека потекнуваат од времето на Турското ропство.
После кратка пауза во овој специфичен град, турата продолжува по падините на Осоговските планини и градот Злетово.
Лесновскиот Манастир бил подигнат од Св. Гаврил Лесновски, калуѓер од Св. Јоаким Осоговски, Св. Иван Рилски и Св. Јован Бигорски. Сместена во тивкиот рид над селото, малата манастирска црква во својот двор крие прекрасен иконостас. После краток одмор кај манастирот, се оди назад за Скопје. Пристигнување рано навечер.
Крај на турата.