User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Кокино – Македонскиот Стоунхенџ

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Тргнување од вашиот хотел наутро. После еден час возење се пристигнува до трагите на `Македонскиот Стоунхенџ` - популарно име за Македонската мегалитска опсерваторија Кокино. Лоцирано е на 1030 метри надморска височина на врвот Татичев камен, 32 км источно од градот Куманово. Според НАСА, ова е четвртата најстара опсерваторија (повеќе од 3800 години стара) во светот. Опсерваторијата го дефинира четирите главни позиции на месечината и трите главни позиции на сонцето, есенската и пролетната рамнодневница и летната сончева пресвртница. Астрономите и археолозите претпоставуваат дека постојат уште три или четири вакви опсерватории во регионот. Посета на собата на ритуалите и троновите. Пауза за кафе. 


Турата продолжува со слегувањето во Старо Нагоричане и посетата на црквата Св. Ѓорѓи – позната по прекрасната византиска уметност. После кратка пауза или незадолжителен традиционален ручек во автентична селска куќа, турата продолжува до селото Режановце, кумановско.



Тука ќе можете да видите приватна колекција на повеќе од 500 народни носии од разни делови на Македонија, направени од волна и со традиционални мотиви. Неофицијалниот `Фолклорен музеј` има повеќе од 700 слики, икони, сувенири и други предмети – некои од нив се класифицирани како антиквитети. Рано вечерта пристигнување во Скопје. Крај на турата.  

  • English
  • Македонски