Традиционална архитектура
Велешка куќа
Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни била целосно реставрирана во 1962 година. Приземјето е изградено од камен, а на катот изграден од бондрук доминира белата фасада со дрвените опшиви. Покривот е висок и покриен со ќерамиди. Двокрилната дрвена врата води до тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзиниот под постои мала скривница. Чардакот на куќата, на едната страна е споен со фурната, а на спротивниот крај со скали води кон повисок чардак.
Кратовска куќа
Градот Кратово лежи во кратерот на изгаснат вулкан. Во центарот се наоѓа чаршијата, околу која се организирани маалата. Куќите се скалесто редени, една над друга со слободни визури. Постоеле 7 маала, некои христијански, некои само муслимански, а некои мешани.
Крушевска куќа
Кога Власите го напуштиле Епир и дошле во Крушево, воочиле дека епирската куќа чардаклија не одговара на климатските услови. Тие се сретнале со мијачката култура и мијачката галичка куќа.
Кратовски Кули
Некогаш, од двете страни на Табачка Река што го сече Кратово, имало 12 кули – 5 на десната страна и 7 на левата. Од нив, денес се останати вкупно 6, од кои некои делумно, но некои и речиси целосно оштетени. Меѓу нив, особено интересни се кулата на Стеван Симиќ (порано Абедин ефенди), Хаџи Костовата кула, Емин беговата кула и други.
