Арт и дизајн, Моден дизајн, Ракотворби, Сценски дизајн, Визуелни уметности, Скулптори, Сликари, Фотографи, Филмски уметници, Илустратори на книги, Аниматори, Видео-арт уметници, Сценски уметности, Театар, Танц, Опера, Балет, Музика, Етно музика, Класична музика
Синтезис
Македонската музичка етно група Синтезис е основана во 1995 година со цел да го сочува и унапреди богатиот македонски музички фолклор. Името си го одбраа за да го изразат концептот за кој се заложија и цврсто го негуваат – внимателно комбинирање на традиционалните звуци со современите аранжмански решенија создавајќи една синтеза која му обезбедува живот на минатото и и трасира пат на иднината. Нурнувајќи се длабоко во македонската фолклорна ризница, сериозно водејќи сметка за зачувување на традиционалните вредности и имањето посебен усет за создавање на современи високоестетски стилизации, оваа група може слободно да го понесе епитетот на освежувачи на македонската фолклорна традиција и нејзини чесни продолжувачи.
Баклава
Баклава е музички состав со минималистички музички концепт: звукот го градат само еден женски вокал и два жичани и ударни народни инструменти - тамбура и деф. Трет голем предизвик во музицирањето: едноставност и непретенциозност.
Митревски Дарко
Биографија
(Скопје, 3.11.1971)
Сценарист, режисер и продуцент.
Завршува режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Се занимава и со новинарство.
Милчо Манчевски
(Скопје, 18.10.1959)
Филмски режисер и сценарист.
Студира на Филозофскиот факултет во Скопје историја на уметноста и археологија, потоа заминува во САД и во 1983 година дипломира на Факултетот за филм и фотографија на Универзитетот во Јужен Илиноис.
Тања Таневска
Тања Таневска е родена во Скопје во 1971 година. Во 1996 дипломирала на ФЛУ-Скопје, отсек педагошки-сликарство, во класата на проф.Рубенс Корубин. Во 2010 магистрирала сликарство на ФЛУ во Приштина кај проф. Заке Превукај. Од 1997 е член на ДЛУМ.
Петар Хаџи Бошков
Петар Хаџи Бошков е роден во Скопје на 1 јуни 1928 година и е македонски скулптор. Дипломира на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1953 година како ученик на скулпторите Борис Калин (1905-75) и Зденко Калин (роден во 1911). По неговото враќање во Скопје почнува да изложува скулптури, принтови и цртежи настанати според поетската интерпретација на Француската експресионистичка скулптура на неговите ментори.
Линда Адел Гудајн
Линда Адел Гудајн е професор по фотографија на Факултетот за уметност и дизајн `Херон` во рамките на Универзитетот Индијана во САД. Дипломирала на интердисциплинарните студии по англиска книжевност, ликовна уметност и економија на Универзитетот `Рочестер`, Њујорк, а магистрирала во областа на ликовната уметност како и во областа на комуникативните уметности (видео и теории на невербална комуникација).
Ансамбл за фолклор `Гоце Делчев` - Битола
Ансамблот за фолклор `Гоце Делчев` од Битола своите почетоци го бележи од 1983 година, кога е основан од Зружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Овој фолклорен ансамбл по својот квалитет и репертоар е уникатен и најнаградуван ансамбл од Македонија.
