Планинарско Еколошко Друштво ЕДЕЛВАЈС - Струмица
Планинарското Еколошко Друштво ЕДЕЛВАЈС-Струмица е формирано 1995 година и е член на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Друштвото брои околу 150 членови од кои активни се 40.
Планинарското Еколошко Друштво ЕДЕЛВАЈС зема учество на сите натпревари во спортска ориентација во натпреварувачката лига на Македонија, алпинистички табори, натпревари во спортско качување, екологијата и општото планинарење. Членови на ПЕД ЕДЕЛВАЈС досега учествувале на многубројни натпревари во странство: Србија, Грција, Бугарија, Романија и Унгарија каде има постигнато значителни резултати. ПЕД Еделвајс има изработено две топографски карти на месноста Суви Лаки и на Езеро Водоча каде 2005 година го организира досега најголемиот и најквалитетен натпревар во спортска ориентација на Македонија.