User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Едриличарски Клуб `Снегар` - Струга

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Едриличарскиот клуб `Снегар`е одвоен од Друштвото за водени спортови и рекреација во 1972 година, и оттогаш постигна врвни спортски резултати давајќи репрезентативци на регатите во Европска конкуренција.

Лоциран е во центарот на град Струга на `Градска плажа` веднаш хотел `Дрим` Струга.

Транзицијата во периодот до 2007 година го успори развојот на едриличарскиот спорт, но од 2008 година се започнати интензивни активности со учество на Светско Првенство во класата `Оптимист` во Чешме, Турција, Балканските првенства во класата `Оптимист` во Варна – Бугарија, Балканското првенство во класа `Ласер` во Мангалија, Велигденската Регата – Порторож – Словенија, International Optimist Sailing Week - Турција, Купот на Ѓердап – Д. Милановац, Меѓународната Дубровничка Регата, Св. Никола – Пула, и Новогодишните регати во Хвар - Хрватска.

Истовремено, во соорганизација на Едриличарската федерација клубот организираше и беше учесник на 7 (седум) државни - меѓународни регати.

Клубот располага со едрилици од класите `Optimist`, `Laser-(Standard/ Radial/4.7)`, `Finn` `420`, `470`и `windsurf`. Одредени челенови од клубот формираа моделарскиот тим кои всушност преставуваат и првите бродоградители во Македонија од античко време. Користејки ја својата креативност и долгогодишното едриличарскo искуство овој тим разви и сопствена класа на викенд крстачи. Со нив се нуди организирано крстарење по едно од најубавите и најстарите езера во светот – Охридското, при што покрај загарантираното задоволство како додаток се вклучени пејсажи кои ви го одезамаат здивот.

Секоја година се изработува календар на регати од кои дел се професионални на ниво на држава. Дел се интернационални, а по повод денот на независноста на (8 септември) Р. Македонија клубот ја организира традиционалната така наречена `Делегатска регата` во која земаа учество видни личности од домашната и странската (амбасадори и видни гости од надвор) политичка сцена, како и сите оние кои сакаат да бидат дел од овој настан.

Членови во клубот можат да бидат сите оние кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.
Контак и информации за клубот
Email: snegarek@yahoo.com
http://www.eksnegar.com

  • English
  • Македонски