User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Јубилејна изложба - 150 години од раѓањето на Димитар Андонов Папрадишки

На 10 јуни 2010 (четврток), во 12.00 часот, во организација на Националната галерија на Македонија, во Културниот центар Магаза - Битола при Националната установа Завод и Музеј - Битола, ќе се отвори Јубилејна изложба - 150 години од раѓањето на последниот македонски зограф и прв сликар на профано сликарство во Македонија, Димитар Андонов Папрадишки.


Димитар Андонов Папрадишки е најзначајната личност во македонското сликарство, кој кон крајот на 19 век го направи историскиот пресврт во македонското сликарство. Роден е 1859 година во велешкото село Папрадиште. Со неговата појава започнува процесот на бавно запоставување на естетиката на традиционалното византиско и поствизантиско сликарство и `европеизирање` на црковната уметност во се уште конзервативните црковни средини.

На изложбата ќе бидат претставени четириесеттина слики од сите развојни фази на неговото творештво, сопственост на Националната галерија на Македонија, Музејот на град Скопје, Музеј на Македонија и приватни колекции. Изложбата ќе биде отворена до 24 јуни 2010 година. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

  • English
  • Македонски