User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Изложба на Емилија Лазаревска во Мултимедијалниот центар Мала Станица

Ве информираме дека на 13 мај 2010 година (четврток), во 20.30 часот во Националната Галерија на Македонија, во просториите на Мултимедијалниот центар Мала Станица, ќе се отвори изложбата `Нечии приказни` на Емилија Лазаревска. Цртежите на Лазаревска се жизнерадосни рурални пејсажи, во кои старата селска архитектура добила ново руво, бајковен лик, весела наративност, живост, пулсација.

Емилија Лазаревска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел графика со графички дизајн во 2002 година. Учествувала на повеќе групни изложби и колонии и во 2007 година ја освојува наградата Драгутин  Аврамовски – Гуте.

  • English
  • Македонски