Класична музика
Весна Гиновска – Илкова
Весна Гиновска - Илкова, сопран. Афинитетите кон музиката почнува да ги покажува на 8 годишна возраст посетувајќи часови по виолончело во Нижото музичко училиште `Илија Николовски – Луј` во Скопје. На возраст од 14год. го започнува школувањето по соло пеење кај Проф.Милка Ефтимова, која е и нејзин професор во текот на студирањето на Факултетот за музичка уметност, на кој дипломира во 1994год. Во текот на 1993год. ги започнува своите интернационални настапи, од кои прв е настапот на отворената сцена на театарот `Ди Марчело` во Рим - Италија.
Саша Николовски – Ѓумар
Саша Николовски-Ѓумар е роден во 1966 година во Битола. Дипломира на ФМУ на отсекот за музичка теорија и педагогија и на отсекот за композиција и диригирање кај проф. Фимчо Муратовски.
Симон Трпчески
Пијанистот Симон Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот дека Трпчески е еден од најдобрите пијанисти на сите времиња.
