Велешка куќа
Куќата на еден од најголемите поети во периодот помеѓу двете светски војни била целосно реставрирана во 1962 година. Приземјето е изградено од камен, а на катот изграден од бондрук доминира белата фасада со дрвените опшиви. Покривот е висок и покриен со ќерамиди. Двокрилната дрвена врата води до тремот решен како мал простор кој ги спојува катот, фурната, чардаците и грнчарската работилница. Работилницата има голема површина, а во нејзиниот под постои мала скривница. Чардакот на куќата, на едната страна е споен со фурната, а на спротивниот крај со скали води кон повисок чардак.

Во спомен куќата на Кочо Рацин денес се наоѓаат негови оригинални ракописи и голем број други спомени за неговиот живот и дело.

Оваа куќа се смета за еден од најубавите белези на старата велешка архитектура. На првиот кат на куќата се наоѓа чардакот кој од левата страна продолжува во гостинската одаја. Од десната страна на чардакот има две други простории. Гостинската одаја има врата со правилна форма, а прозорците се декорирани со растер од хоризонтални и вертикални пречки, и завршуваат во барокна форма. На вториот кат се наоѓа чардак со неправилна форма.

Куќата била сопственост на еден од најзначајните македонски просветители и преродбеници. Изградена е на левата страна на Вардар, во велешкиот сокак. Се одликува со специфична староградска архитектура, во која доминираат ѕидовите од кршен камен покриени со жолта фасада, и дрвената ограда со тобозани. Чардакот на куќата е динамичен. Се развива на три различни нивоа и во квадратна форма се надвиснува над високиот камен.

Поради специфичната традиционална архитектура и историското значење на куќата, прогласена е за споменик на културата, а по нејзината комплетна реставрација, ќе биде претворена во спомен-музеј посветен на животот и делото на Џинот.
