User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Охридска куќа

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Карактеристики кои раскажуваат своја приказна

По населувањето на Турците на територијата на Охрид, тие ги заземаат рамничарските делови покрај езерото, па македонското население е приморано да гради на ридестиот дел. Соочени со теренските неприлики, во Охрид почнува да се развива еден од најреволуционерните типови на народна архитектура во Македонија.

Христијанските охридски куќи се ориентирани југоисточно, насочени кон езерото и планините. Сите тие се одликуваат со квалитетна инсолација, а бидејќи се на ридест терен, не им недостига убав поглед кон езерото. Куќите се оригинални и немаат одредена типизација, но нивната просторна организација е заедничка за сите. Во приземниот дел биле складирани дрвата за огрев, виното, ракијата, зимницата... Првиот кат бил резервиран за престојување на семејството. Во тие простории се припремала храната и се одмарало семејството, а јадењето и спиењето биле привремени функции за кои се внесувале и изнесувале потребните елементи.

Најгорните одаи се репрезентативни и богато украсени. Тие се најшироки и пружаат прекрасен поглед кон езерото. Во нив се вршело прием на гости, се одржувале слави, крштевки и други големи семејни настани. Некои од куќите имале и посебна просторија која го пружала најубавиот и најширок видик - белведере.

Непосредно врзани со богатствата од езерото, рибарите имале посебни типови на куќи. Се влегувало и од улицата, но и од страната на езерото, каде ја одлагале рибарската опрема и ги спремале рибите за продажба.



Карактеристика за овој град се и таканаречените улици-темници, тунели покриени со горните катови од куќите, кои се проширувале со растот нагоре.

Една од најпознатите и најрепрезентативни куќи во Охрид е куќата на браќата Робевци. Братската куќа е изградена од галичкиот мајстор Тодор Петров кон средината на 19 век, и се протега на четири нивоа. Последното ниво, покрај белведерето има и посебни простории за момите, наречени „девојачки одаи“. Одаите во горните катови се прошируваат со што се добива раздвижена и интересна фасада. Покрај принципите на македонската народна архитектура, оваа куќа има присвоено и западни карактеристики.

  • English
  • Македонски