User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Кратовски Кули

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Некогаш, од двете страни на Табачка Река што го сече Кратово, имало 12 кули – 5 на десната страна и 7 на левата. Од нив, денес се останати вкупно 6, од кои некои делумно, но некои и речиси целосно оштетени. Меѓу нив, особено интересни се кулата на Стеван Симиќ (порано Абедин ефенди), Хаџи Костовата кула, Емин беговата кула и други.

Историски податоци што попрецизно ќе го датираат градењето на кулите, не постојат. Според одредени научни мислења, се смета дека времето на нивното настанување е пред доаѓањето на Турците, но повеќемина истражувачи се согласуваат дека тие се градени во периодот на турското владеење, потпирајќи го своето трвдење врз нивната архитектура и декоративните елементи.

Кулите се ѕидани од малтер и полуклепан камен, при што за прозорците, вратите, скалилата и ќошевите е употребен камен со подобра обработка.

Внатрешноста на кулите е поделена на 3 или 4 ката, од кои горните се со по еден балкон и одделенија за живеење. Прозорците, заштитени со железни решетки, се разликуваат меѓу себе. Во долниот дел тие се потесни и издолжени, додека во погорните простории тие се пошироки. На кулите, за заштита, биле изградени стражарници, оградени однадвор со камени штитови и со мали отвори. 

Саат Кула

Симиќевата Кула

Меѓу позачуваните кули во Кратово е кулата на Стеван Симиќ, порано на Абедин Ефенди. Подигната е на четири ката со повеќе отвори и балкони на најгорниот кат. Првиот кат е на висина од три метри. Влезната врата е дрвена. Овој кат има едно одделение и тоа е најмало заради дебелината на ѕидовите, што во овој дел од кулата се најдебели. Вториот кат е поврзан со првиот преку скали. Одделението на овој кат е малку пошироко а подот бил поплочен. Третиот кат е посветол од првите два бидејќи прозорците се пошироки и одделенијата поголеми. Подот е поплочен со еднообразни плочи. На источниот ѕид се наоѓа огништето. Од третиот за четвртиот кат водат дрвени скали. Овој кат е со две одделенија кои се најпогодни за живеење. Куполата на четвртиот кат е изведена со обработен камен. На западниот ѕид се вградени долапи за постелнина и други предмети.


Емин Беговата Кула

Во близина на Хаџи Костовата и Крстевата се наоѓа Емин Беговата кула. Како и другите, и оваа кула во основата е правоаголна, а во висина достига 12 метри. За разлика од Симиќевата, кулата на Емин Бег има приземје и два ката. Меѓу катовите постои дрвена меѓукатна конструкција, а вториот кат е со купола. Начинот на градењето е како и кај другите кратовски кули.


Хаџи Костовата Кула

Од Хаџи Костовата кула се зачувани приземјето и дел од првиот кат, другото било урнато во 1929 година. Во 1957 година на остатоците од оваа кула извршена е конзервација. Во основата кулата е правоаголна, градена е од ист материјал како и останатите кратовски кули.

Златкова Кула   

  • English
  • Македонски