User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Традициите на Галичник

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Центарот на Мијачката култура

Со низок процент на наталитет, но величествен по дух и образувана интелигенција, Мијачкиот регион претставува преродбенички епицентар на Галичкиот простор. Лингвистички, етнички, народно и индивидуално, од неговите пишани и усни, фолклорни и современи уметнички креации, Мијачкиот регион е најпознатиот и најпрославениот меѓу трите етнографски и духовни империи на Македонија. Тоа е територија која, и во војна и во мир била посакувана да биде освоена и зачувана - но, Мијачкото царство останува хомогено, автентично и оригинално.

Секоја година, за викендот на Петровден, мештаните и туристите се поканети да учествуваат на традиционалните македонски свадбени прослави на Галичник - прекрасно живописно село лоцирано во центарот на Мијачкиот регион, место на традиции и легенди. Тридневната манифестација и гозба вклучува традиционални песни, стари обичаи, народни носии изработени со филигранска кројачка прецизност, прекрасни народни танци, органска храна и пијалок, како и разни ритуали пренесувани со генерации низ вековите.

Ако сте заинтересирани за традиционалната македонска свадбена прослава, занаетите и мајсторствата од секојдневниот живот на луѓето во минатото на Мијачкиот регион, тогаш токму Галичката свадба е манифестацијата на која мора да присуствувате. Таа е неспоредлив настан кој секој посетител на Македонија мора да го доживее барем еднаш. Мештаните ќе бидат почестени од вашето присуство на оваа традиционална културна манифестација.

Посетувајки го селскиот музеј, имате можност да прошетате во минатото на луѓето чија животна приказна е исполнета со создавање, духовност и уметност. Не смее да се пропушти ни приликата да се ужива во бистрата природа на Националниот парк Маврово, како и да се посетат некои од многубројните трла со овци на Бистра Планина и да се доживее подготовката на прочуеното галичко сирење.

  • English
  • Македонски