User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

с. Вевчани, Струга

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Атарот на општинатa се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток-запад, од подножјето, преку ридестиот терен, се до сртот на планината Јабланица. Почетоците на селото датираат од крајот на 6 век, кога словенското племе Березити (Брсјаци) го преплавува Струшкиот крај и ја населува локацијата на денешно село, југоисточно од планината. Името произлегува од чисто словенски збор „вес“ (село), односно за жителите на тоа село „селчани“, „весчани“.

За населувањето на првите семејства и родови досега се што се знае се темели на претпоставки и легенди. Така, првите населени вевчанци биле браќата Калан и Алул. Иако се населиле на една локација, братот Алул го населил горниот крај на селото и ја создал семејната лоза Алуловци. Додека, вториот брат-Калан, го запоседнал долниот крај на Вевчани, во Долно Маало, каде што денеска живее семејната лоза Калановци.

Вевчанскиот карневал, стар повеќе од 1400 години е интересен спој меѓу паганското и современото. Се оддржува на 13 и 14 јануари, во очи на првиот ден од новата година, според стариот календар. Главни карактеристики на карневалот се: архаичноста, таинственоста и импровизацијата. По своите специфични особини се разликува од сите други карневали во светот. Местото на карневалското случување е целото Вевчани, кое, за време на неговото оддржување се претвора во своевиден театар без граници каде што секоја куќа, улица е сцена каде маскираните ги изведуваат своите игри како вистински актери. Постојат три традиционални маски: зет и невеста, Глупи Август и музичари. Останатите маски во суштина се помали или поголеми карневалски групи, кои со костимите, гестовите и движењата обично ги исмеваат и жигосуваат појавите и личностите од општествениот живот. Особено е карактеристична улогата на Глупи Август. Оваа маска обично ја носат млади луѓе, полни со енергија, а кои со публиката комуницираат со невообичаени движења и гестови, но и со карактеристичен врисок. За времетраењето на карневалот, маскираните ја имаат сета слобода и “занес” во “поставувањето на светот наопаку”, слобода во која до израз доаѓа креативноста на духот, смислата за импровизација, критика и иронизирање. Службено, во карневалот не учествуваат жени. Тие, сепак се маскираат но на крајот не ги симнуваат маските како останатите.

Во близината на Вевчани се наоѓаат едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија, Вевчанските извори. Нивната убавина е магнет кој ги повикува назад сите туристи кои еднаш ги посетиле, да се напијат од бистрата вода, да се изнадишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената вода. Вевчанските извори се едни од поретките псеудопериодски сифонски врела во Република Македонија. Изворите се лоцирани на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри.



Во знак на благодарност кон многубројните генерации на печалбари кои биле носители на опстанокот, благосостојбата и напредокот на Вевчани, на крајот на седумдесетитте години е направен споменик на печалбарот, можеби единствен од ваков вид во светот.

  • English
  • Македонски