User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

с. Радожда - Струшко

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Радожда се наоѓа на надморска висина од 725 метри и ја завзема западната положба на Охридското Езеро на десет километри јужно од Струга и на два километри од границата со Албанија.



Селото е старо околу 10 века, но пишуваните докази се од документите на Душановата повелба 1342-1345 година под името Радобужда. Подоцна во Опширниот описен дефтер на Охридскиот санџак од 1583 се појавува под името Радохожда, а во ракописот на Бранислав Нушиќ од 1892 година се нарекува Радоожџа. Селото било формирано во планинските ливади на околу еден километар на запад. Но близината на езерото како важен извор на храна ги натерало селаните да се преселат во приобалата и тука да ја формираат новата населба.



Радожда е богата со културни и природни знаменитости. Селото има седум цркви од кои централна е селската црква Свети Никола која е изградена во 18 век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од 14 век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.



Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Виа Игнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.



Пештерна црква Св. Архангел Михаил:
Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро, над с. Радожда, во природните пештери што се наоѓаат една над друга, високо во карпите, била изградена пештерната црква посветена на војсководителот на Небесните Сили - Архистратигот Михаил.



Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од 14 век, а посебно се истакнува единствената сочувана композиција од 13 век, со претстава "Чудото во Хона" - насликана во чест на патронот кому е посветена црквата. Зографот што го насликал овој лик ни се прикажува не само како надарен мајстор, туку и напреден творец кој ги излага новите непознати уметнички идеали - внесувајќи во ликот внатрешна сугестивност.



Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на 14. век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници. Нема сомнение дека помладиот слој живопис на Свети Архангел Михаил од пештерната црква е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од 14. век.

  • English
  • Македонски