User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

с. Љубојно

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Повелете во Љубојно каде ќе ве пречекаат гостопримливите домаќини кои ќе ви го покажат Љубојно и неговите убавини во најдобро светло.

Селото Љубојно се наоѓа околу 2 км источно од Преспанското Езеро, на надморска височина од 920 метри, вгнездено во западните пазуви од планината Баба. Љубоно е типично ридско-планинско и печалбарско село, од збиен тип составено од неколку селски маала. Низ атарот на селото тече Брајчинска река, водоносна, брза и бистра и на која до годините на Илинденското востание работеле 16 воденици.

Селото за прв пат се споменува во една повелба на Цар Душан од 1337 година, а подоцна се споменува и во еден запис на Сливничкиот манастир од 1607 година, како поголема македонска населба. Во историските извори, ова село е забележано како Љубовино. Тоа се совпаѓа со едно предание според кое името дошло по првонаселената меанџика Љуба, која точела многу убаво вино. Кога муштериите влегувале во меаната гласно нарачувале „Љубо, вино!“.

Љубојно е село од збиен тип со околу 35 куќи, градени наблиску или поврзани и правилно распоредени од двете страни на тесните улички. Куќите изградени меѓу двете светски војни ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади на кои висат пространи балкони. Дворовите се оградени со високи авлии и со широки порти. Во атарот на селото постојат повеќе локалитети од археолошко значење: Граишта - некоропола од римско време; Кула - утврдена населба со некропола од доцноантичкото време; Куќиштата - средновековна населба; Присој - населба од римско време и други локалитети како Рудина, Св. Димитрија, како и многубројни цркви.

  • English
  • Македонски