User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Пештера Алилица, с. Тресонче

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Дали некогаш сте слушнале за пештера во која има езера, водопади и огромни галерии преполни со сталактити и сталагмити? Звучи неверојатно, но вистинито. Во атарот на селото Тресонче кај Дебар, во прекрасната природа, обвиткана со густа листопадна шума, постои токму таква спелеолошка убавица. Ја нарекуваат Долна Алилица.



До селото Тресонче се стасува по асфалтен пат што води кон Дебар. Ако ги следите патоказите што срамежливо ѕиркаат зад оградата на Бошков мост, невозможно е да го одминете идиличното селце Тресонче. До пештерата води нагорничав селски пат. Љубезните мештани ќе Ве упатат како да стасате, ако случајно заскитате во нивните дворови. Ако се решите да патувате со автомобил, поради специфичноста на селскиот пат, ќе мора да го паркирате возилото околу еден километар, пред пештерата. Пешачењето во неповторливиот амбиент, осликан во најубави бои, ќе ве зашемети, а тоа е само парче од мозаикот на оваа интересна авантура. За да влезете во пештерата трба да ја минете малата река, која тече токму пред влезот. Спелеолозите и честите посетители веќе направиле мал импровизиран мост од тенки дрва.



Постојат Горна и Долна Алилица, меѓусебно оддалечени на околу 100 метри. Во Горна Алилица пред неколку години спелеолозите пронашле скаменети коски од праисториски мечки. Со систематско истражување постојат можности да се пронајдат и остатоци од праисториски луѓе, зошто околината и пештерските канали сигурно биле погодни за живеење.

Влезот во пештерата е тесен, во неа се влегува клечејќи. Но по само десетина чекори, пред вас ќе се отвори огромна пештерска галерија, исполнета со прекрасни украси. Колку подлабоко навлегувате во пештерата, толку повеќе се слуша татнеж на водата што со години го засекува дното на карпестата пештера, како со секира. Во пештерата, која важи за една од најубавите во Македонија, има неколку големи ходници. Една од лизгавите патеки ќе Ве одведе до прекрасното пештерско езеро, а другата до водопадите.



Ако во пештерата влегувате првпат, без придружба на спелеолог или некој што веќе бил во неа, мора да внимавате и да запомните од каде сте влегле. Пештерата е огромна, така што слободно може да се движите исправени. На некои места таа стеснува, но сепак клечејќи лесно се минуваат тие неколку метри.

Прошетката по "подземниот свет" бездруго ќе Ве измори. Тоа е знак дека е време за добар оброк. Тресончани, пред пештерата, направиле дрвени клупи и маса, и посебно место за скара.

  • English
  • Македонски