User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Пелистерски очи, Баба Планина – Битола

Ретка убавина запомнета по трогателна романтична легенда

Пелистерските (Горски) Очи се глечерски езера на Пелистер. Тие се две на број и се нарекуваат уште и Големо и Мало Езеро. Големото Езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 метри, долго е 233 метри, а широко 162. Неговата длабочина достигнува 14,5 метри. Надморската височина на Малото Езеро е 2.180 метри, долго е 79, а широко 162, исто како и Големото. Но, длабочината на Малото Езеро е помала и таа изнесува 2,6 метри.

Постои и легенда за нивното настанување. Таа вели дека езерата се создале од солзите на двете сестри кои биле вљубени во убавото момче Пелистер. Но, нивната мајка не дозволувала ниту една од нив да се омажи за момчето. Во бес ги испратила в планина и ги проколнала да бидат блиску една до друга, но, сепак, да не можат да се видат. Талкајќи низ шумата, едната сестра дошла до местото каде што сега се наоѓа Големото, а другата Малото Езеро. И двете скршени од болка по несудената љубов, почнале да леат солзи. И двете пролеале толку многу солзи што од нив се создале двете прекрасни езера.

Поради нивната реткост и големата надморска височина на која се наоѓаат, овие две езера беа еден од изборите со кои Македонија се претстави во натпреварот за избор на нови седум светски чуда.

  • English
  • Македонски