User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Охридско Езеро

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Kога се набљудува Охридското Езеро, во кое било годишно време, осветлено од сонцето, се добива впечаток дека тоа тукушто се родило, а неговите милиони години, колку што е старо, како да не постојат. Во неговите сини води постои растително и животинско царство за коешто денес единствено се знае од фосилите.



Основен услов којшто го овозможил одржувањето на остатоците на прастариот растителен и животниски свет, како и неговата натамошна еволуција, е долгиот континуитет на егзистенцијата на Охридското Езеро. Всушност, Охридското Езеро почнало да живее уште пред појавата на човекот. Настанало во дамнешните геолошки епохи со тектонско поместување на почвата. Денес, во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро.

Охридското Езеро и според начинот на својот настанок претставува интересна реткост. Тоа настанало со вертикално пропаѓање на почвата. Релативно мал број езера настанале на ваков начин. Меѓу другите, така настанало и најдлабокото Бајкалско Езеро во Сибир, во Русија, кое е стотина пати поголемо од Охридското Езеро. Водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.



Охридското Езеро е сместено во котлина која од сите страни е опкружена со планини чии врвови често надминуваат 2000 метри надморска височина. На источната страна се наоѓаат планините Петрино и Галичица. Планината Галичица ја дели Охридската и Преспанската котлина. На јужното крајбрежје на езерото се наоѓаат албанските планини.



Охридското Езеро со право заслужува назив - македонско слатководно море, и тоа не само поради топлата сина боја, која е поинтензивна и од небесното синило, туку и поради големината, бидејќи зафаќа површина од 358 км2. Така, се добива впечаток дека пред нас се наоѓа голем морски залив или пак истргнато парче морска широчина, фрлено меѓу високите планини на надморска височина од 695 метри. А над езерото, на неговиот северен брег како посебен декор се издигнува древниот Охрид, сместен на двоен рид, чија највисока точка - Самуиловата крепост, се наоѓа на околу 800 метри надморска височина. Речиси правилниот елипсовиден облик на езерото овозможува од безброј места, со поглед да се опфати целата негова живописна модросина површина. Од манастирот Свети Наум па сè до селото Радожда на спротивниот брег, по водата се протега невидлива гранична меѓа, којашто езерото го дели на два дела. Две третини од неговата површина и припаѓаат на Република Македонија, а една третина на Република Албанија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км. од езерскиот брег.



Средната длабочина на езерото е 151м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег. Најголемиот број извори се подземни притоци од соседното Преспанско Езеро, кое се наоѓа на поголема надморска височина, а исто така е создадено со тектонско поместување на почвата. Најпознати извори се охридските Студенчишта или пак уште попознати како Билјанини извори, кои се наоѓаат во непосредна близина на градот. Силни извори има околу манастирот Свети Наум (29 км јужно од Охрид). Овие извори излегуваат од варовитите спили во подножјето на планината Галичица. Најпрвин водата се собира во едно живописно езерце, кое во текот на своето постоење формирало и две мали живописни островчиња. Кристално бистрата вода од езерцето преку една куса и брза рекичка се влева во Охридското Езеро. Кај Струга (14 км од Охрид) водата на Охридското Езеро истекува низ реката Црн Дрим, која, во Албанија, се влева во Јадранското Море. Од најстари времиња бреговите на Охридското Езеро биле густо населени. Во текот на подоцнежните векови, покрај многубројните помали, главно рибарски села, израснале и три големи населби: Охрид и Струга на македонската, и Поградец на албанската територија.



Со својата единствена флора и фауна, Охридското Езеро претставува еден од најголемите биолошки резервати на Европа. Уште првите научни истражувања, кои во Охридското Езеро беа вршени во текот на 19 век, открија дека во него, како едно од најстарите езера на нашата планета, се зачувал прастар жив свет кој во други места воопшто не постои или пак се среќава само во форма на фосили. Исклучително значење имаат охридските риби. Рибната фауна на Охридското Езеро ја сочинуваат 17 видови, кои им припаѓаат на три групи: пастрмки, бели риби и јагули. Од нив, дест видови се ендемични. Меѓу најпознатите ендемични видови риби, кои го населуваат само Охридското Езеро се пастрмките: летница и белвица. Покрај јагулата, кленот, крапот, мрената, скобалот и моранецот, живее и малата риба плашица. Охридскиот (тркалезен) ендемичен сунѓер претставува една од најинтересните реликтни форми во езерото. Докажано е дека во ова езеро има многу ендемични и наполно непознати растителни и животински форми, и дека во тој поглед претставува единствен природен музеј. Токму поради тоа, Охридското Езеро е еден од природните резервати на нашата планета. Охридското Езеро се наоѓа во котлина, во која се судруваат јадранската, егејската, континенталната и високопланинската клима.

На Охридското Езеро, во текот на летната сезона се одржува Меѓународен пливачки маратон. На овој натпревар, кој првпат се одржа во 1962 година, учествуваат пливачи од целиот свет. Опсежните проучувања од страна на медицинските експерти потврдија дека на бреговите на Охридското Езеро постојат одлични услови за развој на здравствениот туризам. Надморската височина и чистиот воздух го поттикнуваат создавањето на црвените клетки. Водите на Охридското Езеро благотворно делуваат и за лекување детска парализа.

Под водите на Охридското Езеро се наоѓаат археолошки резерви од праисторијата, наваму. Кон крајот на 20 век од страна на охридски нуркачи откриени се неколку наколни праисториски живеалишта во месноста Градиште кај селото Пештани.

  • English
  • Македонски