User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Национален парк Галичица

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Лулка на богат ендемичен растителен и животински свет

Галичица е прогласена за Национален парк од страна на Парламентот на Република Македонија во Октомври 1958 година, поради нејзината карактеристична местоположба, извонредно богатиот ендемичен растителен и животински свет и големите пејзажни и естетски вредности.

ШУМИТЕ ВО ГАЛИЧИЦА:
Карактеристичниот растителен и животински свет во шумите и шумскиот предел на Галичица, бил основна причина за прогласување на Национален парк. Нивната значајна вредност е потврдена со големото богатство на природно застапени дрвенести видови и шумски заедници кои тие ги формираат. Богатата биолошка разновидност на шумите е реткост на целиот Балкански Полуостров и пошироко во Европа.

Автохтоната флора на дрвенести видови е претставена со 176 видови, што претставува 58% од дендрофлората на Македонија, од кои 26 се балкански ендемити застапени на ова подрачје. На масивот застапени се и ретки дрвенести видови кои се сретнуваат само на Галичица и на уште една до две планини надвор од Македонија. Од нив може да се издвојат џуџестата цреша (Prunus Prostrata), омеликата (Genista radiata), вулфеновата и обичната млечка, мазната копривка и дивиот костен (Aesculus Hippocastanum).

Еден дел од автохтоните дрвенести видови се остаток од старата терциерна дендрофлора, што дополнително ја зголемува флористичката вредност на Галичица. Овие реликтни видови нашле засолниште од налетот на мразиштата на неколку карактеристични локалитети, кои денес се вистински жаришта на биолошката разновидност. Такви локалитети се Зли Дол со 65 и ридот Голем Осој со 56 дрвенести видови.

Флористичкото богатство на Галичица како магнет привлекува голем број ботаничари, дендролози и фитоценолози. Благодарение на нивните истражувања, денес располагаме со детален опис на шумските заедници и нивниот видов состав, како во катот на дрвјата, така и во катот на грмушките.

Новите меѓународни искуства и стандарди во заштитата и управувањето со заштитените подрачја упатуваат на потребата од промена на целите на управувањето со шумите - од одржливо користење кон заштита на нивната биолошка разновидност. Следејќи ги ваквите трендови, Националниот парк Галичица превзема повеќе активности за подобра заштита на шумските екосистеми во паркот, со единствена цел - да се одржи статусот на Галичица како бисер на македонската биолошка разновидност.

ИЗВОРИ Св. НАУМ - Охрид
Изворите на Охридското Езеро „Св. Наум“ се состојат од 30 подводни и 15 крајбрежни извори со вкупен капацитет од 7.5 кубни метри вода во секунда. Изворите формираат езерце со површина од 30 хектари и максимална длабочина од 3.5 метри. Температурата на езерцето годишно варира од 10 до 12 степени Целзиусови. Одтргнато од Охридското Езеро како посебен бисер на природата, изворите, покрај своите хидрографски вредности поседуваат и единствен жив свет.

Се препорачува просторот со изворите да се прошета со кајче, со што на посетителите би им се врежал траен впечаток. Водата во изворите во најголем дел потекнува од планинскиот масив Галичица, а дел и од Преспанското Езеро.

Покрај посебниот и богат растителен свет, претставен преку ендемските видови како силикатните алги, изворите изобилуваат и со животински свет - од микроскопските организми кои живеат на самото дно, преку неколкуте видови на риба, како кленот, скобустот, кркушата, пештанската пастрмка, па се до змијата белоушка и водната желка. Воздушниот простор е раздвижен од малечкото рибарче и малиот корморан - загрозен вид во Европа.

  • English
  • Македонски