User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Мавровско Езеро

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Мавровското Езеро се наоѓа во северозападниот дел на Р. Македонија. Се наоѓа на 1200м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина.

Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро.

Новосоздаденото езеро поплавило 1370 хектари земјиште претежно под ливади и акумулира околу 357 милиони м3 вода. Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км. Најголемата длабочина од 50м ја достигнува во близина на браната која е висока 54м, долга 210м и широка 5м. во основата браната е широка 286м и во неа се вградени 705 000 м3 материјал.

Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година. Мавровското Езеро е порибено со Пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода и му даваат посебна убавина и изглед.

  • English
  • Македонски