User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Дојранско Езеро

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Дојранското езеро се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија. На север басенот на езерото е зграден со Беласица и Боска Планина. Дојранското езеро зафаќа површина од 43,1 км2 од кои 27,3 км2 и припаѓаат на Македонија, а 15,8 км2 на Грција. Тоа е најмало од котлинските езера во Македонија со максимална длабочина од 10 метри. Дојранското езеро е најтопло езеро. Високите температури на воздухот и на водата се условени од близината на Егејското Море.

Поради високата продукција на планктон, Дојранското Езеро изобилува со рибна биомаса и видови сo најголема продукција на свежа вода во Европа. Рибната фауна во Дојранското Езеро е претставена со 15 видови, од кои еден е ендемски. Покрај западниот брег на Дојранското Езеро, се наоѓаат двете рибарски населби Стар и Нов Дојран, кои денес сe прелеваат во една урбанистичка целина. 



Постојат повеќе варијанти на романтични легенди за настанувањето на ова езеро. Првата вели дека на просторот каде денес се наоѓа езерото, во старите времиња, постоел бунар од кој луѓето од околните населби полнеле вода. Откако ќе наполнеле вода, тие го затворале бунарот со девет катанци. Еден ден по вода заминала најубавата млада девојка од тој крај, девојката по име Дојрана. Покрај бунарот ја чекало момчето кое таа го љубела. Наполнила вода, но занесена од милувањето на момчето, заборавила да го затвори деветиот катанец. Од бунарот почнала да тече вода која ја преплавила целата котлина.

Една друга легенда раскажува за турскиот паша кој се вљубил во прекрасната девојка Дојрана и им наредил на своите војници да ја доведат во неговиот шатор. Но, девојката се спротивставила на наредбата на пашата и, за да не биде со сила одведена, се фрлила во големиот извор, кој го профатил нејзиното невино тело, и за да го заштити од сквернавење, тој се излил и ја покрил целата долина. Така создал езеро, кое било исто убаво, како и убавата девојка Дојрана.

Истражувањата покажуваат дека просторот околу езерото бил населен уште во праисторијата. За животот во антиката, што се одвивал на местото на денешен Нов Дојран, постојат записи од 5 век п.н.е, кога грчкиот историчар Херодот забележал дека покрај езерото Празја (Дојранско Езеро) живеат Пајонци, чие главно занимање е риболовот. Зборувајќи за езерото, тој го забележал неговото богатство со риба, наведувајќи дека е доволно одвечер во водата да се спуштат празни кошови, а наутро да се извадат преполни со улов. Тој ги споменува и наколните живеалишта до кои се стасувало со кораби, како и специфичниот начин на риболов со помош на птици (корморани или други нуркачи), што летаат ниско и ги наведуваат рибите во ловиштата, од дојранските рибари наречни мандри. Сликата што ја дал овој историчар, не се разликува многу од онаа што денес може да ја забележи посетителот на овој крај. И денес можат да се видат наколните рибарски колиби, поставени среде природната тишина и спокојството на езерските води, како и древниот начин на риболов, така што се чини дека тука времето запрело и го одминало овој ритуал, плашејќи се да не ја наруши неговата посебност и убавина.

По римскиот период, Дојран потпаднал под византиско владеење и го добил името Полин, што во превод значи град, а во 1391 година го заземале Турците и тогаш тој се преселил на местото каде денес се наоѓа Стар Дојран. На чело на турската војска стоел Евренос-бег, со кого е поврзана легендата околу настанот по кој градот Полин го добил новото име Дојран. Таа раскажува дека бегот стасал до Дојран, поминувајќи го замрзнатото езеро без да знае дека се движи по мраз прекриен со снег. Кога дознал низ каква опасност минал, помислил дека тој и неговата војска биле чувани од Алах, па поради тоа приредил голема гозба. По гозбата, ги прашал војниците како се чувствуваат, а тие одговориле Дојуран, што на турски значело задоволни, најадени, наситени. По овој одговор, градот бил наречен Дојран.

  • English
  • Македонски