User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Велес

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Градот лежи помеѓу Таорската и Велешката Клисура, амфитеатрално расположен на двете страни на реката Вардар, брои приближно 47.000 жители, а неговата надморска висина варира од 300 до 1500 метри.

Најстара градска населба на овој простор била Вила Зора. Името претставува сложенка од илирските зборови `вилас` - град, и `ора` - мост. Во првиот пишан документ за овој град, кој потекнува од 3 век п.н.е се веи дека Вила Зора бил најголем град во државата Пајонија која се наоѓала помеѓу реките Аксиос (Вардар) и Стримон (Струмица).

По доселувањето на Словените, Вила Зора добил словенско име Велес, спред старословенскиот бог на стадата и на пасиштата.

Османлиите го освоиле во 1385 година. На средината на градот бил изграден мост на 4 столба, поради што Турците го нарекле Ќуприли-мост, или град на мостови. Во средината на 19 век Велес стана познат трговски центар во Македонија. Имал трговски врски со Солун, Цариград, Благоевград, Виена, Пешта и др. Велешките трговци извезувале сурова кожа, ѓон, афион, жито, вино и ракија... Стоката со сплавови ја превезувале по Вардар до Солун, а со каравани патувале за Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Ќустендил, Софија итн. По изградбата на пругата Солун-Скопје, во 1873 година трговијата почнала да опаѓа, а со тоа исчезнало и гемиџиството. Со тој збор е поврзано името на организацијата на 12 млади Македонци кои во 1903 година сметале дека доколку им нанесат материјална штета на институциите на Отоманското Царство и на западноевропските држави ќе го привлечат нивното внимание за да го решат проблемот на Македонија. Тие се нарекле гемиџии. Неколкумина од нив потекнувале од Велес. Во знак на сеќавање на нивното саможртвување за Македонија на 2 август 2003 година, во централниот дел на градот крај Малото мовче е подигнат споменик наречен `Линијата на сонцето`.

Од Велес потекнува и еден од најголемите македонски поети од првата половина на 20 век - Коста Рацин. Неговата куќа е претворена во музеј, а во центарот на градот е поставен негов бронзен споменик. Во чест на поетот, од 1964 година, на 13 јуни се одржува поетската манифестација `Рацинови средби`. На неа учествуваат научни работници, писатели, литературни критичари од Македонија и од светот.

Во центарот на градот, на десната страна на Вардар, над куќите што се подигнати над самата река доминира Саат кулата, која е изградена кон крајот на 18 и почетокот на 19 век. Некогаш, отчукувањата на камбаната, која ги означувала часовите се слушала на оддалеченост од 25 км.



На левата страна на реката пак, над градот доминира Меморијалниот споменик, кој симболизира германски шлем од Втората Светска војна, распаднат на 4 дела. Во објектот е сместен музеј во кој се прикажани експонати и документи кои говорат за историјата на градот во текот на Втората Светска војна.

На излезот од градот, кон југ, на десната страна на Вардар е сместена манастирската црква Свети Димитрија, изградена во 14 век, а обновена во 1851 година. Фрескоживописот во оваа црква е дело на познатиот зограф Хаџи Коста Крстов. Тоа е еднокорабна црква со тристрана олтарска апсида и со нартекс над кој се издига камбана.

  • English
  • Македонски