User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Прилеп

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Градот-херој под марковите кули...



По долината на Раечка Река, преку планината Плетвар се отвара погледот кон најголемата котлина во Македонија - Пелагонија. Во нејзиниот северен дел се наоѓа градот Прилеп, со 70.000 жители на надморска висина од 640 до 720 метри.



Во минатото населбата била сместена на еден рид, кој е познат како Маркови кули, кои по природната убавина се споредувани со „Метеори“ во Грција и Кападокија во Турција. Покрај остатоците од некогашната населба, може да се види камениот престол, на кој се претпоставува дека биле крунисувани кралевите. Исто така може да се види и статуа на слон, извајана од природата...



По Марковите Кули, во населбата Варош и денес може да се видат десетина цркви, кои се стари околу 1000 години. Една од нив е манастирската црква Свети Архангел, во која се наоѓа вториот по старост запис со кирилско писмо.



Во периодот од 1350 д 1375 година, Прилеп бил престолнина на кралот Волкашин, а по неговото загинување во Маричката битка, го наследил син му Марко. За Крале Марко во народот постојат безброј легенди и преданија во кои тој е претставен како човек со натприродна сила, кој секогаш ги победувал непријателите. Историски гледано, Крале Марко загинал во 1395 година во Романија како турски вазал.



Прилеп е познат по тоа што во него на 11 октомври 1941 година почна востанието на македонскиот народ против фашистичките окупатори во Втората Светска војна. Поради тоа, во 1956 година беше прогласен за „град-херој“. Во знак на сеќавање на осумте илјади борци и 15 народни херои, во јужниот дел на градот е подигната Могилата на непобедените.



Прилеп е познат и како град на тутунот, затоа што во неговата околина се одгледуваат квалитетни ориентални типови на тутун. Во градот постојат и Институт за тутун, Музеј на тутунот, како и најголемата фабрика за цигари во Македонија.

Во центарот на градот постои голема стара чаршија. Над неа се извишува 39 метри високата саат-кула изградена во 1858 година, на која постои натпис на персиски јазик: „Со секое отчукување, животот ти е пократок за еден саат“. Во текот на времето кулата се искривувала и денес е закосена цели 116 см кон југозапад, што претставува посебна туристичка атракција.

На театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ се претставуваат најдобрите театарски претстави во Република Македонија. Негова цел е да го поттикнува домашното драмско творештво. Од 1965 година до денес, фестивалот редовно се одржува во првиот петок од месец јуни, и трае една седмица.

  • English
  • Македонски