Гостивар
Fri, 07/30/2010 - 21:11
Вториот град во Полошката Котлина е Гостивар, со 41.000 жители, на надморска висина од 510 - 550 метри.
Градот лежи на бреговите на Вардар. Сосема малку се знае за староста на градот и за неговите претходници. Можеби во римско време тука постоел градот Драудак, но сеуште не е утврдена неговата локација. Словените, на оваа област и дале име Под-лог, со значење „под гора“, „под планина“.
Во непосредна близина на градот, кај селото Вруток се наоѓа изворот на реката Вардар, кој е најголемо карстно врело во Република Македонија.