User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Гевгелија

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

На крајниот југ на државата, на десната страна на реката Вардар, непосредно до границата со Република Грција се наоѓа градот Гевгелија.

Денешниот град, кој има население од 15.000 жители се развил од мала населба во втората половина на 19 век. Се наоѓа на 50 - 70 метри надморска височина.

На 3 км пред граничниот премин, на ридот на реката Вардар се издига некогашната населба Вардарски Рид. Досега се откриени 6 населби една врз друга, во која животот се одвивал од 13 до 2 век пред новата ера. Станува збор за старомакедонски населби кои потекнуваат од времето пред и по владеењето на Александар Македонски.

Локалитетот опфаќа богати културни слоеви со значајна архитектура. Последните ископувања откриваат голем број предмети што се користеле во секојдневното живеење, потоа куќи во карпи, грнчарија и монети. Грнчарските наоди се во хронолошка рамка од железниот период до доцниот хеленизам. Од археолозите посебно е издвоен групниот наод од 12 светилки како и многубројни пирамидални тегови кои се откриени во куќите за живеење. Во тие рамки се укажува и на постоењето на текстилни работилници.

Посебно издвоен сад, откриен на овој локалитет, е пехар со калап за вино во кој покрај луксузниот релјеф, се втиснати и сцени од еротиката, кој е редок мотив за овој вид чаши.



Откриени се и голем број сребрени и бронзени монети кои биле ковани во времето на Александар Македонски, неговиот татко Филип Втори, Филип Трети, Лизимах Персеј и Антигон.



Во археолошко недвижниот материјал на Вардарски Рид е населбата со неоткриено име како една од најстарите откриени населби кај нас, која потекнува од бронзениот период. Таму основите на куќите биле вдлабнати во карпи со ѕидови направени од речен камен, земан од реката Вардар.

На неколку километри од локалитетот се стигнува до граничниот премин Богородица, со Република Грција.

  • English
  • Македонски