User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Демир Капија

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Демир Капија е едно од најтоплите места во Република Македонија.

Во текот на летните месеци температурата на воздухот често се искачува и над 40оС. Се наоѓа на 70 метри надморска височина и во него живеат околу 4.700 жители. Демиркаписката е прва клисура на Вардар кон Егејската страна и претставува еден вид природна препрека на средоземната клима. Клисурата е долга 19 км. Нејзините карпи се извишуваат и до 1.000 метри надморска височина. Во нив се гнезди и живее реткиот белоглав орел, кој е под строга заштита на државата.

Археолошките пронајдоци укажуваат дека по плодната рамнина на обете страни на реката Бошава (десна притока на Вардар) се простирала античка населба, за која се смета дека се викала Стемае (теснина, клисура). Словенското име кое се задржало во средниот век - Пресек, како и подоцна турскиот назив Демир Капија (железна врата), по смисла одговараат на грчкото име Стена.



Кога ќе се излезе од клисурата, се наближува познатиот археолошки локалитет Исар, крај селото Марвинци. Населбата била дел од античка Пајонија, и била лоцирана на значаен сообраќаен правец, опколен со плодна рамнина која давала добри можности за егзистенција. Населбата на Исарот настанала по природен пат во последните децении на 6 век п.н.е. и тогаш зафаќала површина од 5 хектари.

Археолозите имаат откриено многубројни и разновидни предмети: ќерамика, работена на грнчарско тркало, хеленистичка ќерамика, амфори, разни видови на садови, светилки, теракоти, тегови, стакло, метални садови, накит, оружје, камена пластика, надгробни споменици, статуетки, монети итн.

  • English
  • Македонски