User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Битола

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Градот со безброј сведоштва за космополитизам...

Во југозападниот дел на Македонија, на надморска височина од 580 до 700 метри, во јужнот дел на Пелагонија лежи градот Битола, дом на речиси 78.000 жители.

Раѓањето на Битола:
Денешниот град бил основан во седмиот век од словенското племе Брсјаци, во близина на Хераклеја Линкестис. Името Битола за првпат се споменува во документите на цар Самуил во 10 и 11 век. Во 1382 година Битола била освоена од Османлиите, при што станала стратегиски центар. Во 18 век градот имал 12.000 - 15.000 жители, а во 1836 година, според Ами Буе, градот броел 40.000 жители. Битолските трговци тргувале со Венеција, Виена, Париз, Лондон, Лајпциг итн. Во 19 век постоеле 2.000 дуќани. во 1848 година била изградена Старата Турска касарна, во која работела и Воена академија. Во неа се школувал и таткото на модерна Турција Мустафа Кемал - Ататурк. Денес објектот е Градски музеј, во кој една просторија му е посветена на Ататурк.

За значењето на Битола говори и податокот дека до Првата Балканска војна, 12 држави имале свои конзулати: Англија, Австрија, Русија, Италија, Србија, Бугарија, Грција, Франција, Америка.

Од времето кога Битола (после Солун) била втор по големина и значење во европскиот дел на Отоманското Царство, зачувани се поголем број културно-историски споменици. Меѓу нив се и околу 500 куќи, кои се градени во 19 и 20 век. На нив се застапени повеќе архитектонски стилови.

Култура во Битола:
Меѓу другите значајни настани со кои Битола може да се гордее е и првото снимање на филмови на Балканот во 1905 година, од страна на браќата Милтон и Јован Манаки. Во нивна чест секоја година, на крајот на септември се одржува Меѓународен фестивал на филмската камера, а пред Домот на културата е поставена бронзена статуа на Милтон Манаки.

Во Битола се организираат и повеќе културни манифестации. Најдолготрајна од нив е Битолско културно лето. Таа опфаќа разновидни манифестации: музички, театарски, опера, балет, концерти, ликовни изложби и литературни остварувања. Започнува на 1 јули, а завршува на 10 август.



Културно-историско богатство:
Во центарот на градот, во 1508 година била изградена Исак-беговата џамија. Таа била задужбина на битолскиот кадија Исак Челеби Ибни Аса, кој бил погребан во дворот на џамијата. Таа има квадратна основа, и покриена е со купола со дијаметар од 26 метри. Минарето е високо 45 метри. Внатрешноста на џамијата е украсена со арабески. Наспроти неа се наоѓа Јени (нова) Џамија, подигната во 1558 година од Кади Махмуд Ефендија. Таа е помала во однос на Исак-беговата, а денес служи како уметничка галерија. Недалеку од џамиите се наоа и саат-кулата, за првпат спомната во 1664 година, висока речиси 30 метри.

Црквата Св. Димитрија е на стотина метри од Саат-кулата. Била изградена од подароци од трговци и занаетчии во 1830 година. Османлиските власти дале одобрение за изградба на мал скромен објект. За да се добие повеќе простор била вкопана в земја. Тоа е трокорабна базилика со рамни тавани, 5 параклиси и галерија. Внатрешноста на црквата ја краси централен иконостас, изработен во 1845 година. Двата странични иконостаси, се делови од иконостасот на старата Св. Димитрија од 18 век.

  • English
  • Македонски