User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Султан-Муратова Џамија и Саат-кула, Скопје

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Најстарата џамија на Балканот

Изградена уште во 1436 година, претставува најстарата џамија на територијата на Балканскиот Полуостров, изградена како задужбина на Султан Мурат II, таткото на познатиот Султан Мехмед Освојувач. Поради султанското ктиторство, низ народот оваа џамија е позната уште и како хункар (хјунќар) или господска, султанска џамија. Градбата е издигната на врвот на Виргинов Рид, на самите темели на некогашниот христијански центар во Скопје, манастирот Св. Ѓорги Горг (Скоропостижник).



Во својата долга историја, оваа џамија двапати има страдано од пожари, при што вториот пат како жртва на палењето на Скопје од страна на австрискиот генерал Пиколомини во 1689 година. По двете опожарувања џамијата била обновувана од страна на султани кои владееле своевремено.

Поради поправките и доградбите, не може со сигурност да се тврди за нејзиниот првобитен изглед, но се претпоставува дека била слична на другите две џамии изградени под покровителство на Султан Мурат II, во Измир и Бурса. Денешната џамија е градена од камен и тули, со ѕидарија во брусански стил. Внатрешната просторна распределба наликува на тробродните христијански базилики - пространството е поделено на три дела со помош на колонади од по три столбови, меѓусебно поврзани со лаци. На северозападниот дел на црквата е подигнат трем оформен со покривна конструкција носена на четири лачно поврзани столбови. Во дворот на џамијата постојат и две турбиња, кои заедно со Саат-кулата го заокружуваат составот на комплексот.

Саат-кулата е позиционирана на северниот дел на комплексот. Како градба била раскажувана од патеписците кои минувале низ оваа територија, како Евлија Челебија и Филип Дифрен Кане, опишувајќи ја како еден од најголемите и најубавите градски часовници изградени во тоа време. Се смета дека е првата саат кула изградена во Турската империја, а како нејзин постамент била искористена една од кулите на заштитните бедеми на некогашниот манастир Св. Ѓорги, уште познат и како Виргински Манастир.



Џамијата не била поштедена ниту од силниот земјотрес на 26 јули 1963 година, кога настрадале двете гробници, медресата, Саат кулата и потпорниот ѕид од западната страна. Храмот претрпел големи оштетувања на тремот, ѕидовите распукале со големи пукнатини, а делумно било урнато и минарето. Во годините по земјотресот биле извршени конзерваторски и реставраторски работи во кои се санирале оштетувањата и се доградило минарето.

  • English
  • Македонски