User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Саат Кула – Битола

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Според старите преданија денешната Саат кула е изградена во истиот период кога во нејзина непосредна близина се градел и православниот храм Св. Димитрија, во триесеттите години на XIX век, иако постоењето на саат кула во Битола се споменува уште од XVII век.

Изградена е од масивни камени блокови. Главниот и воедно најдекоративниот дел од Саат Кулата го сочинува делот каде се поставени бројчаниците, и тоа од сите четири страни по еден.

Влезот во Саат Кулата оивичен со големи мермерни блокови се наоѓа на северната страна а стотина скалила водат до нејзиниот часовник, до нејзиниот врв на приближно 32 м. На секое скалило нова инфомација, нова трансформација. Тие скалила водат до врвот од каде во минатото се огласувале големите метални ѕвона кои го означувале времето. Во 1927 год. поставен е првиот бројчаник и саатен механизам, но извршени биле и некои измени. Лицата задолжени да ги удираат камбаните биле заменети со сајџиите кои се задолжени за одржување на саатот и сатниот механизам. Првиот бројчаник бил бел со црни броеви и стрелки и бил помал од сегашниот. Овој саатен механизам бил заменет во 1936 год. , кога биле поставени и нови 15 ѕвона, тешки 900 кг, - знак на благодарност за изградбата на Спомен гробницата на германските војници загинати во Првата Светска Војна.



Во 1962 год. механизмот е обновен, а во 1970 год. поставена е и клавијатура за изведба на нови композиции. Оваа Саат Кула е една од вкупно 180те во светот во која бил вграден ваков механизам. Музичките композиции ја прават уште поневообичаена. На секои шест часа се огласува една од  вкупно шесте композиции: Битола Бабам Битола, Билјана платно белеше .....

Оваа Саат Кула не е само симбол на времето кое одминува незапирливо туку таа е симбол на величественоста на Битола и на нејзиното опстојување. Стрелките отчукуваат во знак на минатото, но го означуваат и новото време.

  • English
  • Македонски