User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Конаците на Хавзи Пашa - Бардовци, Скопје

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Еден од најимпозантните споменици на исламската профана архитектура на територијата на Балканскиот Полуостров, од времето на феудалното општествено уредување претставуваат конаците на Хавзи Паша во скопското село Бардовци. Тие, како и чифликот на овој скопски паша, биле подигнати во првата половина на XIX век. Во споредба со другите на Балканот, конаците во Бадровци се истакнувааат како по својата големина така и по извонредната стилска обработка и декоративна разновидност и богатство. Како и да е, тие во основа носат белези на чифлик.

Интересно е сознанието дека Хавзи Паша спровел плански распоред на градбите во оваа населба, така што неговиот чифлик е од отворен тип на изградба и урбанисичка диспозиција. Тоа значи дека конаците се одделени од останатите куќи во населбата, и со тоа пашата обезбедил подобри услови за живот на чифликчиите.

Во конаците бил организиран живот за господарот и неговата фамилија, како и за неговите поданици, прислужници и чувари на овој имот. Комплексот бил заграден со камени ѕидови, високи пет метри. На надворешната страна, на одредено растојание биле распоредени осум стражарски кули, што служеле за одбрана од евентуални непријателски напади.

Внатрешниот дел од комплексот конаци е поделен на три дела, одделени со внатрешни ѕидови што се во висина на ѕидовите на обѕидието. На средишниод дел била лоцирана зградата наменета исклучиво за машкиот свет. Источниот дел бил резервиран за женските членови на семејството и нивните деца. Во западниот дел се наоѓале просториите за чување на коњите. Во секој од овие делови се наоѓале помошни згради. По својот богато уреден ентериер се истакнуваат просториите во кои престојувал господарот со неговото семејство.

  • English
  • Македонски