User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Исак Џамија – Битола

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Исак Челеби Ибн Иса џамија е изградена во 1506 год. и таа е една од најстарите зачувани џамии во Битола. Наспроти Саат Кулата, и Големиот Безистен, оваа џамија чиј минарет е висок околу 50 метри, едноставно доминира во просторот. Оваа џамија била само дел од големиот вакаф на ктиторот кој освен оваа џамија изградил и медреса, мектеб, 103 дуќани, лозја, 20 воденици и многу други објекти. Целокупниот овој имот требало да биде издржуван од приходите од неговите дуќани во чаршијата, но и од приходите од останатите делови од неговиот имот.

Оваа еднопросторна подкуполна џамија опкружена со секогаш негувано зеленило претставува вистинско почивалиште за душата на нејзиниот ктитор, но и на верниците кои тука доаѓаат тивко да ги изречат своите молитви или едноставно да ги сослушаат божјите зборови. Изградена во техника клоазоне, каде наизменично се менуваат делкан камен и тула, се добива необичен но привлечен изглед на овој значаен објект. Самиот влез во објектот всушност претставува влез во двојниот затворен трем на џамијата кој со својата пространост само ја најавува големината на внатрешниот дел од џамијата. Четирите столбови, поставени на високи камени постаменти, завршуваат со идентични капители. Овие столбови кои доминираат во просторот се главниот декоративен елемент во тремот.

На северозападниот ѕид од тремот се наоѓа главниот портал. Низ овој влез верниците со својот бесшумен чекор газејќи полека и смирено влегуваат во молитвениот простор. Таму ги дочекува раскошна богато сликана декорација врз која си поигруваат зраците кои се прекршуваат на бројните полиелеи играјќи ја вечната игра на светлина и сенки. Бројните декоративни елементи се присутни и кај михработ, мимбарот но и кај кјурсот. Декорацијата на овие елементи најчесто е геометриска не нарушувајќи го комплетниот амбиент на џамијата.

Играта на боите и формите се отсликува на секој дел од џамијата. Смената на сиво - црната, сината, златната со појаките кобалтно - сината, темнозелената, темноцрвената боја и дава своевидна посебност на оваа џамија. Нејзината специфичност не може да биде комплетна ако не се спомене позлатената левха во форма на диск која е подарок од султанот Решад V, а која и денес се чува со исклучително внимание.

  • English
  • Македонски