User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Арабати Баба (Серсем Али Баба) Теќе – Тетово

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Едно од најубавите и најсочувано дервишко теќе во Тетово

Во подножјето на Шар Планина, на излезот од Тетово кон Гостивар се наоѓа дервишкото Арабати Баба, или Серсем Али Баба Теќе, изградено во втората половина на 18 век. Ктиторите на теќето, Реџеп-паша и неговиот син Абдурахман-паша, покрај за теќето се спомнуваат и во изградбата на Шарената Џамија и Тетовското кале.

Според податоците во Теќето живееле околу 15 дервиши, на чие чело стоел старешина - баба. Дервишите биле прочуени како благородни, мирни и гостољубиви луѓе. Теќето се викало Арабат затоа што навидум неговиот основач бил сиромав човек со скината облека по име Алија, а така облечените луѓе Турците ги викале арабати. Поради тоа теќето го добило името Арабат-теќе. Постои и теорија според која градењето на теќето било започнато од страна на Серсем Али баба.

Овој комплекс е единствен ваков пример на територијата на Балканот и Мала Азија. Територијата на теќето е затворена со ѕидови, на места зајакнати со кули, а на главниот влез постои кула-стражарница. Денес се зачувани десетина објекти територијално распоредени според нивната функција и значење - во централниот простор се сместени репрезентативните простори наменети за религиозни обреди, прием на гости и живеење на бабата и дервишите. Јужниот дел бил исполнет со економски згради, од кои денес се останати само темелите, а северниот дел е ограден со висок камен ѕид во кој е сместена кула и станбена зграда за живеење.

Поделен на два дела, шадрванот е украсен со богата резба на таваницата и на вратите, со фонтана сместена во првиот дел. Богомолката претставува квадратна просторија со трем и купола од дрвена конструкција, богато украсена со декорации од растителни мотиви. Кулата била наменета за ќерката на Абдурахман-паша, која заболела од туберкулоза - високиот кат осветлен од три страни и обезбедувал долги сончеви часови на болната, а амбиентот и го збогатувале богатите декорации. Турбето пак, е место каде се сместени гробовите на 11 дервиши и фатма Канум, како и гробовите на Серсем Али Баба и Реџеп-паша, сместени во посебни простории и со богато украсени саркофази.

Дворот изобилувал со зеленило и цвеќе - природата го збогатувала дервишкиот живот, кој во овој комплекс активно се одвивал во 1912 година. Во 1941 година повторно е направен обид за заживување на ова движење, но четири години подоцна движењето замира а комплексот е целосно напуштен.

  • English
  • Македонски