Св. Пантелејмон, Велес
Оваа црква е изградена во 1840 година под раководство на најпознатиот македонски неимар од преродбениот период - Андреа Дамјанов (1813-1878).

Над јужниот дел на црквата тој го исклесал своето име.црквата лежи на едно повисоко плато на вештачки изградена тераса, поради стрмноста на теренот. Андреа Дамјанов тука ја употребува неговата сопствена и оригинална конструктивна идеја, која подоцна ќе ја користат и другите мајстори. Имено, трокорабната базилика на опфаќа со тремови од јужната и северната страна, кои на катот преминуваат во галерии во кои се наоѓа „женската“ црква. Поради тоа, градбата се развива печурковидно нагоре, при што горниот дел го гради од дрвена конструкција, која вешто се сокрива под одсликаната површина.

Посебно интересна е источната страна на црквата, која ја украсува со полигонални лизени и крстовидниот прозор на олтарот.

