User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Св. Леонтиј, с. Водоча – Струмичко

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Седиште на некогашната Водочка епископија

Првобитната манастирска црква, изградена врз темели на постара ранохристијанска базилика во времето на Цар Самуил, денес се наоѓа во урнатини. После нејзиното уништување во 11 век, ќе биде изградена денешната крстообразна црква. Според архитектонската концепција, оваа црква е во вид на впишан крст со купола во средината. На источната страна се пронајдени темелите на олтарната апсида, што ни укажува на фактот дека таа потекнува од 11 век.

Во 12 век дошло до проширување на манастирската црква со изградба на големата источна - крстообразна црква. Два века подоцна, на западната страна на црквата била подигната припрата. Уште од првите истражувања се заклучило дека овој манастир бил седиште на струмичките епископи. Струмичката епископија за првпат се споменува во 1018 година во повелбите на Василиј II, во времето кога пропаднала Самуиловата држава. Според некои пишани документи од 14 век, се дознава дека овој манастир бил седиште на Водочката епископија до крајот на неговото постоење.

  • English
  • Македонски