User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Св. Ѓорѓи, с. Курбиново, Преспа

Скромниот дом на познатиот Ангел

На подножјето на планината Баба, северно од с. Курбиново се наоѓа малата еднокорабна црква посветена на Св. Ѓорги. Изградена и живописана е во 1191 год. но податоци за нејзините ктитори, напуштањето и поправката на црквата не постојат. Црквата има полукружна апсида на источната страна, а кровната конструкција е отворена (според некои извори, таа била засводена). Изградена од кршен камен и земено во целина, се добива впечаток за градба со сиромашна и неугледна надворешност. Но, карактеристични за оваа црква се орнаментално - декоративните украси на архиволтите, фреските, делумно изведените фасадни партии во имитација на тула итн.

Со текот на времето, оваа црква доживува оштетувања. Доста се оштетува во текот на еден пожар, и после него ќе биде целосно напуштена еден долг временски период. Во 17 век, се доградува анекс на јужната страна, а во 19 век радикално се обновува и се прави дрвен таван и проповедална. Се заѕидуваат северниот и јужниот влез, на јужната страна се отвараат два прозори, а на западната страна е додадена затворена припрата (нартекс).

  • English
  • Македонски