User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Св Ѓорги Победоносец (Манастир Рајчица), Дебарско

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Каде што се шири заносниот мирис од моштите на Св. Ѓорги...

Манастирот Свети Ѓорѓи Победоносец се наоѓа во во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Свети Ѓорѓи Победоносец е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. Сепак точната година на изградба на манастириските конаци е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник. Црквата била зографисана и живописана во периодот од 1840 до 1852 година од зографот Михаил и монахот Данаил од Бигорскиот манастир, а додека долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зограф од Тресонче.

Се до 1945 година во манастирот опстојувало братство кое било забрането од комунистичката власт, а манастирот бил претворен во коњушница. До 1999 година овој манастир беше руиниран и во рушевини, но благодарејќи на иницијативата на игуменот на Бигорскиот манастир архимандрит Партениј (со братството), манастирот беше возобновен, а воедно беше возобновено и женското монашко сестринство кое денес има сестринска соработка со манастирот „Рождество на пресвета Богородица“ од Бостон, САД.

За манастирот е интересно да се спомене дека во него рачно се изработуваат митри (капи кои ги носат високите православни свештеници и владики) кои ги носат владиците на МПЦ, но и владиците во Бугарија, Србија, Грција, Романија, како и во Вселенската патријаршија во Цариград. Свети Ѓорѓи Победоносец сега е еден од најубавите македонски манастири и секоја година традиционално се празнува Ѓурѓовден, што воедно е и селска слава на селото Рајчица на која традиционално покрај дебарчани, присуствуваат и гости од други градови во Македонија (Охрид, Гостивар, Битола, Скопје, Кочани и др.).

  • English
  • Македонски