User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Св. Димитрија, Марков Манастир – Скопје

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Светата задужбина на легендарниот Крале Марко

Манастирот го сочинуваат повеќе згради наредени како венец околу црквата Св. Димитрија. Меѓу нив, особено значење има старата трпезарија. Манастирот е посветен на Св. Димитрија, а името Марков Манастир го добил по популарниот ктитор Крале Марко. Во црквата е пронајден натпис од кој се дознава дека таа е изградена во 1345 година. Подоцна била обновена од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син Марко во 1370 година. Значајна улога манастирот игра во 19 век, кога во него престојува Кирил Пејчиновиќ, познат по својата книжевна дејност.

Основата на црквата е во форма на впишан крст во правоаголно пространство, со купола издигната над централниот дел. Градбата е изведена од делкан камен и тули, изведени со интересни шари. Посебно добро е декорирана олтарната апсида, на која има десет декоративно изведени ниши. Во 1530 година, на западната страна на црквата е изграден трем, за чија градба средствата ги донирал скопскиот Хамзи-паша. Меѓу зградите на конаците се наоѓа и старата трпезарија, во форма на еднокорабна црква.

  • English
  • Македонски