User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Св. Богородица Елеуса, с. Вељуса – Струмичко

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Еден од најживописните манастири во Македонија

За подигањето и изградбата на оваа црква постоел натпис на мермерна плоча, која била запленета од Бугарскиот окупатор за време на Првата Светска Војна. Покрај другото, во натписот на плочата стоело дека манастирската црква Св. Богородица Елеуса била подигната од струмичкиот епископ Манојло во 1080 година. Плочата со натписот се наоѓала над влезната врата во наосот. Се смета дека непосредно после изградбата, црквата е живописана.

Оваа црква е значајна по својата архитектура, фрескоживопис, по нејзиниот мозаичен под и мермерниот иконостас. Ова е единствена црква од овој период со такво архитектонско решение. Во основата е решена како тетраконхос (четирилисна детелина), а над неа се издига осмоаголна купола. Фасадите на северната, источната и јужната конха се оживеани со два реда ниши изведени од тула.

Во подоцнежниот период, оваа црква доживува оштетувања и доградби. Од првобитната градба е останата црквата заедно со нартексот и јужниот параклис. Подоцна на црквата и е додаден егзонартекс со трем од јужната страна. Подоцна, и на јужната и на западната страна се додадени тремови. Но, поради високата архитектонска вредност на црквата, со конзерваторските зафати овие тремови се отстранети.

  • English
  • Македонски