Св. Богородица, Ckopje - Близу Матка
Манастирот `Св. Богородица` се наоѓа во близината на селото Глумово, на излезот на реката Треска од клисурата, кај селото Матка.
Според одредени сознанија, најверојатно го изградил Бојко, син на властелинката Даница, ктиторка на црквата `Св. Никола` во селото Љуботен, Скопско. Еден натпис во љуботенската црква сведочи за градбата на овој манастир. Се претпоставува дека бил изграден во пред 1337 година, а од 1372 година во црквата имало надгробна плоча каде што се споменувал некој Маријо, наречен Велислав. Во 1497 година некоја жена по име Милица ја затекнала црквата запустена, па ја поправила и ја живописала, а била направена и нова припрата. Во октоихот што се наоѓа во манастирот Крушедол, има запис од 1687 година дека ракописот му бил подарен на овој манастир од браќата Андреја и Стојан Ковач. Во софиската Народна библиотека е зачуван кодик на овој манастир, пишуван во 60-80 години на XVI век. Во XVIII век бил пренесен во манастирот `Св. Никола Шишевски`, а при крајот на XIX век во Бигорскиот манастир. Во 1716 година пеќскиот архиепископ Арсениј му подарил антиминс.