User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Манастир Журче - Демир Хисар

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Манастирската црква, посветена на Свети Атанасиј Александриски, се наоѓа во демирхисарското село Журче. Таа е изградена, а воедно и зографисана во првите децении на XVII век. Кон крајот на XIX век, конаците на манастирот се урнале во целост, па набргу потоа овој сакрален објект изгубил секаково значење за тамошните жители. Во поново време храмот бил обновен и биле подигнати ново конаци, така што повторно бил воспоставен монашкиот ред во Журче.

Станува збор за трикорабна црква со правоаголна основа. Отворениот трем пред влезот во нартексот е засводен со калота на која се наоѓаат најинтересните фрески на коишто се илустрирани портретите на словенските светители Јован Рилски и Јован Осоговски, како и илустрациите на календарските месеци со прикази на најкарактеристичните дејства во секој од месеците. Станува збор за оригинално прикази од овој тип, што претставуваат отстапување од вообичаената тематика во средновековното црковно фрескосликарство.

Иконите, поставени во дрвениот иконостас, датираат од XVII век. Меѓу нив, од посебна важност се малите двојни икони, кои според своите стилски особености му припаѓаат на почетокот на XVII век.

  • English
  • Македонски