User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Манастир Св. Петка, Велгошти, Охрид

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

На падините на ридот "Олмец" се наоѓа манастирот Света Петка. На средната страна од надворешниот дел на петтостраната апсида е забележан следниот запис: "Света Петка. Изградена по повелба на цар султан Абдул Хамид. Со помош на народот во времето на игуменот Наум Илиев. Во лето 1890, 22 мај“.

Света Петка е едноброда базилика со две куполи. Иконостасот е нов, но има икони што се регистрирани како споменици на културата при Републичкиот завод за заштита на спомениците, меѓу кои е Богородица со Христа. Постои киват од 1833 год. Под сегашната црква има остатоци од малтер на пештерска црква.

Црквата е проширена во 1922 год. за време на свештеникот од с.Велгошти Алексо Шокароски. Името на монахињата Параскева, односно Петка, на Балканот се појавило на крајот на 10 и почетокот на 11 век. Св.Петка (Параскева) е позната со својата чудотворна моќ за лечење на тешки заболувања.

За градбата на манастирот Света Петка има легенда во која се вели дека Велгоштани почнале да градат црква во знак на благодарност кон светицата за добрите дела. Градбата почнала во близина на селото. Изграденото ноќта Света Петка го разурнала. Тоа се повторило и вториот ден, па мајсторите третиот ден поставиле стража. На мајсторите им рекла дека ја урива градбата зошто тука не сака да и градат црква туку на местото каде што црквата сега се наоѓа.

Во манастирската црква во месецот август се изведува поетска вечер на еден од најголемите македонски писатели Живко Чинго, родум од с. Велгошти.

  • English
  • Македонски