User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Манастир Св. Наум - Охрид

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Во ретка природна убавина, на најјужната точка на Охридското Езеро, Св. Наум Чудотворец ја изградил црквата Св. Архангели

Оваа црква припаѓа на манастирот Св. Наум, кој се наоѓа на висока карпа над самото Охридско Езеро. Подигањето на овој манастир е врзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Наум пред крајот на својот живот го основал овој манастир и во него бил погребан, во 910 год. Остатоците на првобитната црква се откриени во темелите на денешната црква Св. Наум, која својот изглед го добива во турскиот период, во 16 век. Денешната црква е градена во две фази, при што прво се изградени наосот и нартексот, а потоа куполите кои ги покриваат овие две пространства.

Црквата по својата архитектонска концепција претставува впишан крст со купола, која се држи на четири столба. Гробницата на Наум е свртена кон југ и е посебен објект со широка и ниска купола. Долниот дел на црквата е изработен од камен, а куполите се од тула.

Врз основа на археолошките истражувања е утврдено дека оваа црква првобитно имала форма на триконхос (трилисна детелина) и имала нартекс. Таа по својот план и облик била речиси идентична со црквата Св. Пантелејмон во Охрид. Подоцна, Наумовата црква била потполно урната, а денес, на самиот под на сегашната црква е вцртана основата на старата црква.

  • English
  • Македонски