User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Манастир Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Ремек-делото на познатите преродбеници во Македонија...



На околу 3 километри североисточно од гратчето Крива Паланка, во прегратките на живописната столетна дабова шума, на прекрасните падини на Осоговските Планини, сместен е манастирот посветен на пустиножителот и чудотворец св. Јоаким Осоговски. Основан е уште во XII век, познат и по името Сарандапор.



Самата историја на манастирот започнува со доаѓањето на св. Јоаким во областа на Осоговието. Во времето во кое живеел (11 век) и кога се основал манастирот (12 век), областа на Осоговието се наоѓала во состав на Византиското Царство. Манастирот бил изграден со залагање на игуменот Теофан и месното население, во време на владеењето на византискиот император Манојло Багренороден (1143-1180 година). Интересно е да се напомене дека манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се посебно горди. Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови. За неговото значење зборува податокот дека бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патеписци. На иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата во 1847 година започнува изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски. Во 1851 година таа е завршена и осветена. Изградбата била доверена на протомајсторот Андреј Дамјанов (1817-1878), по потекло од родот на Рензовци, најпрочуениот градител на Балканот од почетокот на 19 век.



Дамјанов го вградил извонредното познавање на сложените процеси на градба и проектирање. Овде тој отстапува од решенија и концепти карактеристични за него. По својата архитектонска диспозиција претставува монументална трикорабна базилика, со два реда по три столба, кои целиот простор го делат на дванаесет травеи, над кои се изведени куполи. Од дванаесетте куполи со кои е покриена црквата, девет излегуваат на петтата фасада. Од нив пет се подигнати на повисок тамбур и формираат грчки крст на самата покривна конструкција. Четири од куполите се слепи и ги покриваат аголните травеи на објектот. Три куполи завршуваат под покривната конструкција и не се видливи однадвор. Наосот од јужната и западната страна е опфатен со тремови покриени со осум слепи куполи. На источната страна има три апсиди, од кои средната е седмострана, а бочните се петострани.



И внатрешноста и тремовите на црквата се живописани од вештата рака на четворица македонски зографи. Димитриј Андонов Папрадишки, во периодот од 1884-1945 година. со љубов го пренел сето свое умеење, насликувајќи ги северното и јужното кубе од тремот, западната и јужната фасада и кубињата над тремот од јужната страна.



Најзначајниот дел од фрескописот се наоѓа на западниот ѕид од црквата, кој го насликал Папрадишки. Една од најкарактеристичните фрески е композицијата „Евангелската проповед на апостол Павле”, во која раката на уметникот внела и профани елементи. На оваа извонредна фреска народната носија од кривопаланечко зрачи со сета своја убавина и рустичност.



Најстариот објект во манастирскиот комплекс е малата црква на Рождество на Пресвета Богородица, градена во 14 или 16 век, врз темели на црква градени во 11-12 век. Според градителскиот концепт спаѓа во редот на мали крстообразни еднокуполни цркви, со крстообразна основа, со тристрана апсида однадвор и припрата. Градбата ја карактеризира византиски стил. Градена е со по два реда тули и еден ред камен во хоризонтални редови, со дебел слој малтер меѓу нив. Црквата е една од првите средовековни цркви кај нас живописани во најново време.

Ова илјадагодишно светилиште сега е епархиски резиденцијален манастир на Полошко-кумановската епархија. Тука се одржуваат и културни манифестации, како на пример Меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски”, Летна школа за архитектура и Колонија на Здружението на копаничари.

  • English
  • Македонски