Манастир Св. Илија Горни, с. Бањани, Скопје
Манастирската црква Св. Илија се наоѓа во долината на Бањска Река, во непосредна близина на село Бањани, северозападно од Скопје.

Според историските извори немаме податоци од кога датира црквата Св. Илија. Таа е мала еднокорабна црква. Слепена е со северната страна до една карпа. Во литературата и во историските извори може да се најде и како се споменува како пештерна црква. Од надворешната страна апсидата е тристрана.

Внатре во црквата се распознаваат два слоја живопис. Вториот слој нема некоја голема уметничка вредност. Според зачуваните остатоци од првиот слој се претпоставува дека црквата била изградена во 14 век.

Посебно импресионираат конаците, каде се направени голем број на документарни и играни филмови. Црквата иако е многу мала привлекува голем број на излетници, а и самата околина е прекрасно излетничко место.

