User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Црква Свети Јован Богослов - Канео, Охрид

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Западно од рибарската населба Канео во Охрид, на височинката што се издига над езерото се наоѓа црквата посветена на Св. Јован Богослов

За историјата на оваа црква не постојат пишани податоци. Денеска не е утврдено дали оваа манастирска црква е подигната на култно место. Иако за црквата не постојат никакви сигурни историски факти, нејзиниот живот може да се следи од крајот на XIII и почетокот на XIV век. Во одреден период, настанува прекин на манастирскиот живот и запуштање на самата црква (XVII - XIX век). Во XIX век се доѕидуваат четирите странични сводови и се подигаат анексите на северната, западната и јужната страна, кои денес се елиминирани.

Старата црква има архитектонска концепција на впишан крст во правоаголно пространство, единствена тространа апсида на источната страна и октогонална купола што се потпира на четирите правилни столбци со помош на пандантифи. Црквата е градена од обичен неделкан камен во долниот, и со наизменични хоризонтални и вертикални делови од делкан бигор и тула  во горниот дел. Се забележува и тенденција за керамопластични украсувања на изгледот на фасадите, особено на апсидата, источната фасада и куполата. За оваа црква е карактеристична декорацијата на горниот дел од куполата, на која се поставени аглести фронтони од сите осум страни. Оваа црква има влијанија од ерменско-ѓургијанската архитектура, за разлика од другите цркви од Македонија.

Денес во Канео е зачуван добар дел од првобитните фрески иако се извршени некои модификации во тој поглед, меѓутоа сè до денес го има задржано првобитниот шарм. Благодарни сме на нејзиното опстојување низ вековите, иако долг период била напуштена.

  • English
  • Македонски