User login

Newsletter

Опис за NEWSLETTER

Црква Света Софија - Охрид

  • Notice: Undefined variable: controls_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: pager_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_top in include() (line 10 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 20 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: controls_bottom in include() (line 22 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).
  • Notice: Undefined variable: image_count_bottom in include() (line 24 of /home/cultmap/public_html/sites/all/modules/views_slideshow/contrib/views_slideshow_singleframe/views-slideshow-singleframe.tpl.php).

Една од најголемите средновековни цркви, која долг период била соборна црква на Охридската архиепископија. 

Местото на кое се наоѓа оваа црква се смета за свето место уште од античко време. На 4 метри под нивото на оваа црква се пронајдени остатоци на римска цивилна базилика. Потоа на нејзино место била изградена ранохристијанска базилика во 6 век. Подоцна на ова место цар Самуил ќе изгради во која ќе ја смести Охридската Патријаршија. Оваа црква ќе биде изградена во 11 век и ќе припаѓа на типот трокорабни базилики со трансепт над чиј што централен дел се издигала купола. Оваа базилика имала и проширен нартекс на кат. На источната страна завршувала со широка апсида фланкирана од двете страни со апсидите на ѓакониконот и проскомидијата. Олтарниот простор бил одделен со мермерен иконостас, од кој останал зачуван поголем дел. Од непознати причини, оваа црква била разрушена, а денешната црква Св. Софија била изградена, односно реновирана од првиот архиепископ (грк) Леон (Лав). Во овој период Византија ја укинува патријаршијата и ја симнува на ранг на архиепископија.

Во 1317 година, охридскиот архиепископ Григориј, како своја задужбина го доградува егзонартексот, денес познат како Григориева припрата. На оваа припрата се наоѓаат две бочни кули. До денес не е утврдено, иако постојат претпоставки што се случило со куполата на оваа црква. Некои научници сметаат дека била урната од страна на Турците и на нејзино место бил изграден полукружен свод, а некои пак сметаат дека куполата сама се урнала.

По претворањето на Св. Софија во џамија, надворешниот и внатрешниот изглед се сменети и прилагодени на мухамеданската служба. Тогаш иконостасот целосно го изгубил својот изглед. Турците изградиле свод под срушената купола, а над попречниот кораб  - трансептот, доѕидале четири нови столбови и сводови. Фреските одозгора биле премачкани со вар, западниот влез бил затворен и се отвара нов влез на северната страна. Парапетните плочи од иконостасот биле извадени и искористени при изградба на мимбарот, кој денес е сочуван во олтарниот простор на црквата. На северната страна е созидано минаре, кое е срушено во 1912 година. На истата страна на црквата во овој период е подигнат и отворен трем за кој се искористени колони (столбови) од камен од други постари градби во непосредна близина.

Над проскомидијата и ѓакониконот, горе, на катот се наоѓаат две капелички - параклиси, изградени во Комненовиот период. Над предворјето на северната страна се наоѓа Оливеровата капела до 14 век, посветена на Св. Јован. Западната фасада на Св. Софија е решена хармонично, со поделба на површините и комбинација на прозори и други отвори, како и со различните декоративни украси изведени од тула. Сето тоа е псотигнато со ретки високи уметнички архитектонски квалитети во полихромијата и хармоничноста. Со право може да се смета дека западната фасада на оваа црква спаѓа во ремек-делата на средновековната архитектура, и како таква претставува единствен зачуван пример во нашето градежништво.

  • English
  • Македонски